Заедно на патот напред

30 години успешна работа

Нашето патување е обележано со постојаното прашање: „Што друго можеме да ви понудиме?“ Постојаните деловни иновации, проширувањето на нашата мрежа на добавувачи, а воедно и одржувањето на врвна работа и односи во и надвор од компанијата, нè доведоа до позицијата на најголем дистрибутер на кабли во регионот.

Нашата сила во ваша корист

Откријте како нашите внатрешни предности се претвораат во низа придобивки за нашите партнери.

За нас

Компанија со искуство

Фабрика за кабли Прозденка од Неготино, Република Северна Македонија претставува современ индустриски капацитет со долгогодишна традиција во конструирање, дизајнирање, производство, испитување и продажба на електрични кабли.

Историјат

Компанијата датира од 1990 година, кога е основана под името

 „Zdenka Negotino“ – фабрика за кабли, со ограничен производен опсег.

 Со изградбата на нова производствена хала во Пепелиште, Неготино, производството се развива во поширок спектар и со значително зголемен капацитет.

Во 2011 година фабриката го добива името „Pro Zdenka Kabli“, а од 2023 година продолжува со работа под името Фабрика за кабли Прозденка.

Со ова започнува нова развојна фаза во која главен фокус се:

 – Унапредување на квалитетот

 – Проширување на производствените капацитети

 – Зацврстување на присуството на домашниот и регионалните пазари.

Фабриката денес располага со современи производствени хали, а во тек се активности за дополнителни инвестиции и зголемување на капацитетите. Целта е обезбедување производи кои целосно ги исполнуваат меѓународните стандарди и изградба на долгорочна и сигурна соработка со клиентите.