Врвен квалитет на кабли - локален партнер за вашиот успех.
Со повеќе од три децении искуство во производство на кабли, Прозденка Кабли од Неготино е доверлив партнер на градежни, енергетски и индустриски компании низ целиот регион. Нашите производи се вградени во објекти кои траат и во енергетски решенија кои создаваат иднина.
Секогаш на време, Секогаш достапно
Нашите капацитети и напредните работни процедури гарантираат сигурна и навремена испорака на каблите што ги барате.
Секогаш проверен квалитет
Прозденка кабли обезбедува кабли изработени според европски стандарди, прилагодени на вашите потреби и барања.
Индивидуална грижа за клиентите
Со Прозденка кабли добивате повеќе од кабел , добивате партнер кој ги разбира вашите потреби и нуди експертиза, флексибилност и долгогодишно искуство.
Исполнување на вашите сложени барања
Ниту еден кабел не е премногу краток или премногу долг за нас. Прозденка кабли обезбедува целосни кабелски решенија, прилагодени на вашите потреби, без разлика на типот, должината или бројот на врски.
ЗА НАС
Фабрика за кабли Прозденка од Неготино, Република Северна Македонија претставува современ индустриски капацитет со долгогодишна традиција во конструирање, дизајнирање, производство, испитување и продажба на електрични кабли.
Компанијата датира од 1990 година, кога е основана под името
„Zdenka Negotino“ – фабрика за кабли, со ограничен производен опсег.
Со изградбата на нова производствена хала во Пепелиште, Неготино, производството се развива во поширок спектар и со значително зголемен капацитет.
Историја
Во 2011 година фабриката го добива името „Pro Zdenka Kabli“, а од 2023 година продолжува со работа под името Фабрика за кабли Прозденка.
Со ова започнува нова развојна фаза во која главен фокус се:
– Унапредување на квалитетот
– Проширување на производствените капацитети
– Зацврстување на присуството на домашниот и регионалните пазари.
Фабриката денес располага со современи производствени хали, а во тек се активности за дополнителни инвестиции и зголемување на капацитетите. Целта е обезбедување производи кои целосно ги исполнуваат меѓународните стандарди и изградба на долгорочна и сигурна соработка со клиентите.









Квалитет и стандардизација
Квалитетот е темел врз кој е изградена нашата репутација. Производството се одвива преку континуирано усовршување на машините, уредите за испитување и интегрираниот компјутерски систем што ги покрива сите фази на процесот. Нашата политика на квалитет подразбира:
целосно исполнување на барањата и очекувањата на клиентите,
постојано унапредување на производите и процесите,
усогласеност со меѓународните стандарди,
безбедна и навремена испорака.
Фабриката има воспоставен и одржува ISO 9001:2008 систем за квалитет, одобрен од SIQ.
Производна програма
Асортиманот на Фабрика за кабли Прозденка опфаќа:
- Флексибилни проводници
- Инсталациски кабли
- Енергетски кабли до 1kV
- Самоносечки кабелски снопови
- Голи проводници и јажиња
Сите производи се сертифицирани од акредитирани институции и се изработуваат во согласност со меѓународните стандарди VDE, IEC, MKS, NF, HD, BDS.
Присуство на пазарот
Со јасна визија и посветеност кон квалитетот, Фабрика за кабли Прозденка е сигурен партнер и на домашниот и на регионалните пазари. Присутна е во бројни земји во регионот и пошироко, градејќи стабилни односи со своите клиенти и потврдувајќи го сопствениот интегритет како производител со европски стандарди.